
Во Соединетите држави бројот на смртни случаи од инфекција со коронавирус се зголеми на 25.239.
Во САД каде има најмногу заразени со коронавирус, бројот на заразени и починати секојдневно се зголемува.
Најновите бројки објавени од универзитетот „Џонс Хопкинс“ покажуваат дека бројот на заразени со коронавирус достигна 598.670.
Жариштето на инфекцијата во САД е сè уште Њујорк, со најголем број смртни случаи предизвикани од коронавирус.
Во Њујорк вкупниот број заразени лица надмина 200.000, додека 11.000 починаа.