КОРОНА-КРИЗА: Кои фирми и занаетчии важат за загрозени?

од Берта Китинска
345 прегледи

Главната мерка од економскиот пакет e директната помош од 14.500 денари месечно за секој вработен, за месеците април и мај, од сите фирми погодени од кризата.

За оваа мерка, е донесена Уредба со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за исплата на платите за месеците април и мај 2020 година, со што и практично стапуваат во сила сите одредби за сеопфатна директна финансиска поддршка на работодавачите.

За да користат по 14.500 денари за работниците, компаниите, како и самостојни вршители на дејност (занаетчии, трговци-поединци) треба да имаат намалени приходи за најмалку 30 отсто. Мерката не важи во фирмите во кои нето-платите на 10 отсто од вработените надминуваат 120.000 денари. Помошта може да ја користат независно од искажаниот финансиски резултат за претходната година, но не смеат да се делат дивиденди додека траат мерките.

Што се однесува пак, до Уредбата за финансиска подршка на самостојните вршители на дејност, таму пишува дека физичко лице (фризер, пекар….) не може да оствари помош ако минатата година имало вкупен нето доход пред оданочување поголем од 478.000 денари.

„Мерката е иста како за работодавачите – единствена разлика е што апликацијата оди преку системот е-ПДД на УЈП. Прво, се пополнува барање за исполнетост на условите: До 5-ти во месецот за претходниот месец Преку системот е-ПДД Во рок од 3 дена УЈП ја потврдува комплетноста на барањето 15 април, До 15-ти во месецот треба да се исплати плата за претходниот месец. Барателот треба да ги исполнува следните услови: Во месец март 2020 да има најмалку 30% намалување на приходите во однос на месечниот просек во 2019. Oние кои се основани после март 2019 – да имаат најмалку 30% пад на приходи за месеците април 2020 или мај 2020 во однос на просекот минатата година вкличително и јануари и февруари 2020. За сезонските вршители на дејност да имаат пад на приходите за над 30% во последниот сезонски период од 4 месеци со истиот период претходната година. Мерката не може да ја користи самостоен вршител на дејност кој во 2019 година има нето доход пред оданочување или утврден годишен паушален нето доход поголем од 478.800 денари“, објасни министерката за финансии Нина Ангеловска.

Слични содржини