360
Апел до граѓаните да носат заштитна опрема ако се сомневаат дека се заболени кога ќе одат во маркети, аптеки, банки…, упати синоќа министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил.
– Да ги заштитиме сите оние кои одат на работа за да ги обезбедат основните потреби на граѓаните. Вработените во маркети, аптеки, банки и сите останати кои се исто така изложени на ризик овој период. Носете заштитна опрема ако се сомневате дека сте болни, задолжително одржувајте дистанца. Да бидеме совесни и одговорни. Од нас зависи, напиша Филипче.
Министерот за здравство упати голема благодарност до сите дизајнери кои дадоа свој придонес во борбата против коронавирусот.