Во изминатите 24 часа се регистрирани нови 40 случаи на заболени од коронавирусот во Куманово.
Денеска оваа информација на својот Фесјбук профил ја сподели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој истакна дека меѓу заразените е и тој.
Според Иститутот за јавно здравје највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 183,6 заболени на 100.000 жители, во Дебар инциденцата на 100.000 жители останува на 176,5, додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Прилеп, Струга, Велес, Штип, Кочани и Скопје.Додека во овие градови според мапата : Неготино, Кратово, Пробиштип, Дојран, Свети Николе, Кичево, Берово, Виница, Делчево, Пехчево нема ниту еден заболен.
Кумановскиот кризен штаб ги крои предлозите со кои ќе бара од властите уште порестриктивни мерки во справување со корона вирусот.Засега нема други детали освен дека градот бара целосен карантин од 14 дена.Ова барање, според градоначалникот на општината Максим Димитриевски, се темели на фактот што моментално Куманово регистрира најмногу жртви и заболени на дневна основа.
„Општина Куманово во моментов има, според процент и број на жители, најголем број на позитивни лица на КОВИД-19 во државата и повеќе од потребно е да се дејствува порестриктивно за да се спречи најголемиот пик на пандемијата да не се случи со многу поголеми бројки.“
Техничкиот премиер, пак, не го дели истото мислење со Димитриевски. Спасовски, изијави дека не е за воведување најстрога блокада, но ако епидемиолозите го одлучат спротивното – тоа и ќе се направи.Комплетираните предлози на општината најпрво треба да ги разгледаат епидемиолозите од Комисијата за заразни болести, па дури потоа да и даде препорака на Владата која на седница ќе ја разгледа нивната одлука.