Веста дека кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски е еден од 40-те нови случаи позитивен на Ковид 19 доаѓа еден ден по средбата на владини претставници со Општинскиот кризен штаб во Куманово.
Вчера на состанокот присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за образование Арбер Адеми.
Според Иститутот за јавно здравје највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 183,6 заболени на 100.000 жители.
Кумановскиот кризен штаб ги крои предлозите со кои ќе бара од властите уште порестриктивни мерки во справување со корона вирусот.Засега нема други детали освен дека градот бара целосен карантин од 14 дена.Ова барање, според градоначалникот на општината Максим Димитриевски, се темели на фактот што моментално Куманово регистрира најмногу жртви и заболени на дневна основа.
Техничкиот премиер, пак, не го дели истото мислење со Димитриевски. Спасовски, изијави дека не е за воведување најстрога блокада, но ако епидемиолозите го одлучат спротивното – тоа и ќе се направи.Комплетираните предлози на општината најпрво треба да ги разгледаат епидемиолозите од Комисијата за заразни болести, па дури потоа да и даде препорака на Владата која на седница ќе ја разгледа нивната одлука.
Наскоро ќе се знае дали на ковид-19 ќе се тестираат Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, вицепремиерот Бујар Османи и неколку други лица.
Премиерот Спасовски заедно со министерот за здравство Филипче, вицепремиерот Османи, и министерот за образование Адеми,…
Публикувахте от Влада на Република Северна Македонија в Сряда, 15 април 2020 г.