На седницата на Советот за безбедност, не присуствуваат Спасовски, Османи и Филипче

од Берта Китинска
283 прегледи

Започна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија на која се очекува да се расправа и донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во земјата за справување со пандемијата на Ковид-19.

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за МИА информираа дека на седницата не дошле премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче.

Спасовски е дел од постојаните членови на Советот, а на покана на претседателот Пендаровски на седницата требаше да присуствуваат и Османи, кој е и национален координатор за странска помош и министерот Филипче.

Порано денеска градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски објави на Фејсбук дека е позитивен на коронавирус. Вчера Спасовски, Османми и Филипче присуствуваа на состанок на Општинскиот кризен штаб во Куманово и ја посетија кумановската болница.

Слични содржини