Во Унгарија во тек контроверзната евакуација на болниците

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, денес ја бранеше контроверзната одлука за ослободување на неколку илјади пациенти од болниците, за да се направи повеќе простор за лицата со корорнавирус, бидејќи експертите веруваат дека животот на пациентите кои страдаат од други сериозни болести е загрозен.

На 7 април, унгарското Министерство за здравство им нареди на болнициите да имаат околу 60 проценти слободен капацитет, или околу 70,000 легла за примање пациенти со коронавирус. Им било наредено да отпуштат други пациенти доколку е потребно.

„Ние сме во средина на голема воена операција што е мачна. Секако е непријатна одлука, но нема друго решение “, рече Орбан за време на радио обраќање.

Откако унгарските болници започнаа со спроведување на мерката, локалните медиуми пренесуваа сведоштва од пациенти или семејства на пациенти. Многу од нив велат дека сè уште им е потребна медицинска нега што не можат да си ја дозволат во своите домови, додека во Унгарија важи карантин на населението.

Во Унгарија, која има околу десет милиони жители, има 1.800 заразени со вирусот, од кои 156 починале.

Орбан рече дека се очекува повеќе да бидат заразени бидејќи „земјата влегува во фаза на масовна зараза“.

Отпуштањето на двајца директори на болницата кои не сакаа да отпуштаат други пациенти предизвикаа протести од медицинскиот персонал.

Многу експерти веруваат дека сегашната состојба не бара од унгарските власти да донесат таква одлука.

Еден од лекарите рече дека би било „катастрофа да се ослободи пациенти кои страдаат од друга болест и мораат да имаат 24/7 медицински надзор“. Тој додаде дека ќе биде подобро надлежните да организираат привремени болници за пациенти со коронавирус.