Британскиот премиер Борис Џонсон продолжува да се опоравува од коронавирусот и сè уште не започнал да работи, но вчера разговарал со министерот Доминик Раб, кој го заменува додека е отсутен, јави британски Индипендент.

Џонсон беше отпуштен од болницата „Сент Томас“ во неделата и сè уште се опоравува од болеста дома.
Првиот заменик премиер и министер за надворешни работи Раб го менува Џонсон во отсуство, а вчера најави продолжување на карантинските мерки на земјата во текот на следните три недели.
Тој предупреди дека може да има зголемување на бројот на заразени доколку предвреме се ублажат рестриктивните мерки, но истакна дека е видлива „светлината на крајот од тунелот“.