Шпанија ќе исплаќа основни приходи за најсиромашните домаќинства

од Vladimir Zorba
120 прегледи

Шпанија планира да плаќа надомест на околу еден милион најсиромашни домаќинства секој месец за да им помогне да ги надминат ефектите од епидемијата од коронавирус, објави во петокот министерот за социјална помош Хозе Луис Ескрива.

Основниот приход ќе се исплаќа некое време и на оние кои, во меѓувреме, ќе најдат работа и ќе почнат да земаат плата, што значи дека нема да ги укинат стимулите за барање работа, рече Ескрива во интервју за радио станицата КОПЕ.

„Без мотив да бараат работа, луѓето би можеле да бидат во искушение да се потпрат на основните приходи и да не бараат работа на пазарот на трудот“, објасни шпанскиот министер.

Сè уште не е решено колку ќе биде плаќано и Ескрива одби да каже колку тоа ќе ја чини владата. Тој само рече дека ќе го финансира сето ова со ново задолжување. Тој исто така рече дека околу една петтина од шпанските домаќинства имаат месечен приход помал од 246 €. Според Ескрива, владата се очекува да донесе указ за основниот приход во мај, и ќе треба неколку недели за таа да започне со исплата.

Социјалистичката партија и нејзиниот екстремно левичарски коалициски партнер, Унидас Поддемос ја вклучија мерката во четиригодишната програма во јануари, но корана-кризата ги смени приоритетите. Во првите две недели од блокадата, воведена на 14 март за спречување на ширењето на коронавирусот, шпанската економија изгуби 900.000 работни места и бројот на официјално невработени се врати на нивото како што беше пред три години, забележува Ројтерс.