Нови 630 жртви од коронавирусот во Њујорк, Куомо му порача на Трамп да се фати за работа

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Во Њујорк починаа 630 луѓе од коронавирус во изминативе 24 часа, што е за 24 повеќе од четвртокот, според гувернерот на државата Ендру Куомо.

Тој рече дека 17.316 се хоспитализирани, што е мало намалување од претходниот ден кога имало 17.735, но дека ова е сепак голем број, пренесува Ројтерс.

Куомо рече дека му е потребна федерална помош за засилување на тестирањето на коронавирусот и рестартирање на економијата.

Одговарајќи на критиките на претседателот Доналд Трамп за барањата за федерална помош, тој рече дека доколку Трамп седи дома и гледа телевизија, можеби треба да стане и да почне да работи.

Куомо рече дека Трамп повеќе пати одбивал да им помогне на државите во однос на тестирањето затоа што, како што наведе тој, било премногу тешко и комплицирано.