СЗО: Нема докази дека антителата подразбираат имунитет на коронавирус

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека нема докази кои укажуваат дека присуството на антитела во крвта може да утврди дали некој е имун на коронавирус.

Д-р Мајк Рајан од СЗО вчера изјави дека сè уште нема индикации дека огромното мнозинство од населението развило имунитет.

„Има очекувања, можеби, дека „имунитетот на стадото“ е постигнат и дека повеќето луѓе во општеството веќе развиле антитела. Мислам дека општите докази упатуваат на спротивно, така што ова може да не ги реши проблемите со кои се соочуваат светските влади“, вели тој.

Бројот на луѓе закрепнати од коронавирус кои повторно се позитивни, предизвика загриженост кај голем број научници ширум светот, особено од аспект дека антителата делуваат како одговор на КОВИД-19.

Иако научниците велат дека сè уште нема докази дека повторно заразено лице може да ја пренесе инфекцијата, сè уште нема студии што ја побиле тезата.