ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните и бизнис секторот во овие тешки времиња се оставени на милост и немилост

од Берта Китинска
118 прегледи

По прес конференција на Фатмир Битиќи од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ излезе со своја реакција.

-Владините мерки се шминка, а не помош.Мерките на СДСМ единствено носат сиромаштија и клуч на повеќето средни претпријатија кои се моторот на економијата.Граѓаните и бизнис секторот во овие тешки времиња се оставени на милост и немилост од власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека Република Македонија ја очекува економска апокалипса.

-Доколку Владата не ја разбира сериозноста на ситуацијата.Дупката во буџетот се продлабочува од ден за ден, а причината за ова е неработењето, корумпираноста и несериозноста на владата предводена од СДСМ, додаваат од партијата.

Слични содржини