Новиот коронавирус можеби се раширил кај луѓе некаде во јужна Кина, неколку месеци пред епидемијата во Вухан, откриле студиите на универзитетот Кембриџ. Тоа е во спротивност со двете доминантни теории за потеклото на инфекцијата, дека започнала од „влажен пазар“ во Вухан и дека е производ на некоја лабораторија.

Тим научници го мапирале геномот на вирусот и ги следеле неговите мутации. Врз основа на овие податоци, се верува дека инфекцијата може се појавила уште во септември, јужно од познатиот епицентар на епидемијата, а патогенот сè уште не бил смртоносен во моментот кога се раширил кај населението.
– Вирусот може да мутирал во својата крајна форма месеци порано, ефикасно напаѓајќи ги луѓето, но останал во лилјаци, други животни или можеби дури и во луѓе, во несмртоносна форма, за неколку месеци пред да се пренесе на други лица – вели генетичарот од Кембриџ, Питер Форстер. Тој го води тимот на истражувачи кои стојат зад оваа научна работа која сè уште не е разгледана.
Валидна теорија е дека вирусот се преселил од лилјак во друго животно, како рак, а потоа и кај луѓето, сепак, една нова студија го доведува во прашање, менувајќи го изворот на инфекцијата јужно од Вухан. Сепак, потребни се повеќе примероци лилјаци, други животни кои можат да бидат носители и рани пациенти за да се дојде до конечен заклучок, предупредува научникот.
„Ова е најдобрата претпоставка што можеме да ја направиме во моментот, додека сè уште чекаме анализа на примероци на пациенти од 2019 година“, заврши Питер Форстер во интервју за Њузвик.