Капетанот и неговата екипа се изјасниле за виновни за обид за убиство, откако исфрлиле двајца преплашени слепи патници од палубата во океанот полн со ајкули за да избегнат можна инфекција со коронавирус.
Капетанот гледал како неговата екипа ќе гради импровизиран сплав, а потоа го запре бродот за да ги фрли преплашените патници преку бродот во опасните води во Јужна Африка, пренесува Дејли Мејл. Амири Саламу (20) и Хасани Раџабу (30) добија само појас за спасување и две шишиња вода за секој, и им било кажано со рацете да веслаат за да стигнат до најблискиот брег.
Без храна, фрлени под милост и немилост на ветровите и струите, тие се плашеле брановите да не ги преполоват или дека нивниот сплав ќе се распадне. Три дена и две ноќи подоцна, патниците од Танзанија пристигнале на туристичка плажа на брегот на КваЗулу-Натал во Јужна Африка, 50 милји северно од Дурбан. Тие успеаја да минат низ една од областите со најмногу ајкули на Северниот брег, па дури и требало да го препливаат последниот дел од гребенот.
Шокираните мештани веднаш ги забележале, а лекарите рекле дека имаат знаци на хипотермија. Кога Јужноафриканската агенција за поморска безбедност ја прими веста, тие ја контактираа компанијата откако патниците им го кажале името на бродот. Откако бродот впловил во пристаништето во заливот Ричардс, полицајците го уапсиле капетанот на бродот.
Кинескиот капетан и шест члена на екипажот признаа дека обид за убиство. Капетанот на бродот бил казнет со казна од 4350 фунти, а екипажот со 2175 фунти, секој откако се изјасни за виновен.
Двајцата патници „се појавиле“ на главната палуба само еден ден по поаѓањето и одбиле да го откријат државјанството, вели капетанот. Екипажот ги изолирал и им дал храна и вода сè додека не решат што да прават со нив.
Портпаролката на Националната управа, Наташа Кара изјави дека обвинетите биле претпазливи со мажите и ги замолиле да носат маски за лице, но двајцата патници одбиле и ги ставиле во посебна просторија бидејќи не биле сигурни дали патниците биле заразени со коронавирусот и веднаш следниот ден екипажот донел одлука да ги фрли од бродот.