
Морски лавови ја користат изолацијата наметната врз луѓето за да уживаат во сонцето на насипот во одморалиштето Мар дел Плата на западниот брег на Аргентина.
Морските лавови што туристите многу сакаат да ги набудуваат на брегот на тој голем град со 750.000 жители, 400 км југозападно од Буенос Аирес, ја користат кризата со коронавирус за да „прошетаат“ малку подалеку отколку што обично прават.
Сега тие често може да се видат во близина на паркингот и пред продавниците за подароци кои во моментот се затворени.
„Поради ограничувањата во сообраќајот, улиците се напуштени, така што морските лавови одат подалеку од вообичаеното за да се заштитат од ветрот“, рече Хуан Лорензани, претседател на фондот Аргентинска фауна, за Франс Прес.
Навикнати на метежот во градот што секоја година прима илјадници туристи, овие диви цицачи уживаат во невидениот мир и тишина од 20 март, кога беше воведена задолжителна изолација за 44 милиони Аргентинци.
„Најголемите примероци тежат од 350 до 500 кг“, потсетува Лорензани, кој посочува дека „можат сами да ја регулираат својата температура“.
„Ако дува силен ветер, тие бараат засолниште“, додава тој.
„Тоа е невообичаено“, признава Хорхе Барсио, локален жител.
„Животните ја користат ситуацијата за да се чувствуваат поудобно“, заклучи тој.
https://www.youtube.com/watch?v=7gTErANRgdY&feature=emb_title