
Во Италија, првата европска земја длабоко погодена од епидемијата на коронавирус, беше спроведена првична студија за влијанието на пандемијата врз едно лице, која покажа дека 37 проценти имаат посттрауматски симптоми на стрес, 17 проценти страдаат од депресивни симптоми, 20 проценти покажале сериозна вознемиреност, 7 проценти несоница и 21 процент стрес.
Истражувањето беше објавено во списанието „medRxiv“ и беше спроведено од два универзитета, од Аквила и од Рим, преку испраќање на интернет-прашалник од страна на истражувачи, на кој одговориле над 18.000 луѓе.
– Добиените резултати се она што го очекувавме, забележуваме висока стапка на нарушувања, како што се вознемиреност, депресија и несоница – рече д-р. Родолфо Роси, научен соработник од римскиот универзитет Тор Вергата и прв автор на студијата.
„Друг важен аспект на студијата е факторот на ризик“, рече Роси:„ Веројатноста да страдаат од овие симптоми, главно, ги погодува жените, младите, луѓето кои изгубиле некој близок заради КОВИД-19 или кои биле заразени. Засегнати се и луѓето кои изгубиле или привремено престанале со работа поради епидемијата, додека оние кои работат премногу напорно од дома се изложени на ризик од стрес или несоница“.
Карантин за луѓето кои во моментов имаат КОВИД-19 е поврзан со симптоми на посттрауматски стрес и вознемиреност.
Резултатите се интересни, и покрај ограничувањата наметнати од студијата заснована на Интернет-прашалникот.
Оние што одговараат не се репрезентативни за италијанското население и може да се претпостави дека се поподготвени и навикнати да зборуваат за нивната емоционална и психолошка состојба, што може да објасни зошто скоро 80% од испитаниците се жени.
Истовремено истражување, спроведено во Кина и одговорено од 1.210 луѓе, открило прилично високи стапки на вознемиреност и депресија во времето на пандемија на коронавирус (30 и 17%, соодветно), покрај скоро 35% од анкетираните 50.000 луѓе покажале симптоми на страдања поврзани со траума (PTSD).