
Поддршката за популистичката десничарска алтернатива за Германија (АфД) е на добар пат да се преполови, покажува истражувањето на јавното мислење објавено во неделата.
Според студијата на Институтот Кантар, нарачана од „Билд ам Сонтаг“, за АфД моментно би гласале само 9 проценти од гласачите, што е значителен пад од периодот пред коронавирусот, кога имаа стабилна поддршка од 15 до 16 проценти од гласачите.
Ова е исто така најлошиот резултат на АфД во последните две години.
Според истите резултати, владејачката Демократска унија на ЦДУ / ЦСУ значително се подобри и сега се стабилизира на 38 проценти. Демократскиот партнер во владејачката коалиција, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) би освоила 18 проценти.
Зелената партија, која до неодамна беше над 20 проценти, во моментов ужива поддршка од 16 проценти од гласачите, што е поврзано со сегашниот пад на интересот на граѓаните за теми како што е заштитата на животната средина.
Аналитичарите оценуваат дека во период на пандемија одкоронавирус, порастот кај владејачките партии е очекуван.
Според истражувањето на јавниот сервис Deutschlandfunk, објавите на АфД на социјалните медиуми, која досега беше најсилниот пропаганден инструмент на партијата, бележи значително послаби реакции отколку пред корона-кризата.
– Најсилното средство за комуникација на АфД ја губи својата моќ. Ова првенствено се должи на фактот дека во време на криза постои расположение за поддршка наместо критика за естаблишментот“, рече комуникологот Јоханес Хилије за Deutschlandfunk.
Тој додаде дека сегашната поддршка за извршната власт, што е типично за време на криза и фактот дека владините мерки се перцепираат позитивно, дијаметрално се спротивставуваат на идејата дека АфД се здобива со популарност, а тоа е дека естаблишментот и елитите сакаат да му наштетат на народот.
АфД, која започна како движење против еврото, се здоби со популарност критикувајќи ја либералната политика за бегалци на Ангела Меркел.