Илјадници луѓе се собраа во црквите во Белорусија (ФОТО)

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Низ Белорусија илјадници православни христијани денес го одбележуваат Велигден во нивните цркви.

Тие не ги послушаа апелите на здравствените власти и црковните достоинственици да останат дома и со тоа да спречат ширење на коронавирусот.

„Треба да се зачува традицијата на нашите родители, татковци и дедовци. Мислам дека не сторивме никаква жртва со доаѓање денес овде. Верувам дека Бог ќе нè заштити“, рече верник во Соборнот храм во Минск.

Белорусија е една од ретките земји што не воведе мерки за изолација заради пандемијата КОВИД-19, а според изјавата на нејзиното Министерство за здравство, 47 лица починале од вирусот досега во земјата, додека до петокот беа пријавени 4.779 заразени лица.