Во Италија починале 433 лица од коронавирус, најмалку во последната недела

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Денеска починале 433 лица од коронавирус во Италија, што е најниска стапка на смртност во изминатата недела, додека бројот на новозаразени опадна од 3.491 на 3.047, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Во сабота се регистрирани 482 смртни случаи, додека во петок имало 575.

Дневниот број на смртни случаи и новозаразени придонесоа за главно стабилната состојба на земјата во текот на изминатите две недели.

Од врвот на инфекцијата на крајот на март, кривата значително опадна, но падот на бројот на заразени не се случи толку брзо како што се сметаше, во земја која скоро шест недели се наоѓа во карантин.

Бројот на починати оваа недела е најнизок од 12 април, кога се забележани 431 случаи, но бројките се зголемија подоцна истата недела.

Вкупниот број на загинати од почетокот на инфекцијата на 21 февруари се искачи на 23.660, што е втор најголем во светот по САД. Вкупниот број потврдени случаи во Италија е 178.972.