Илјадници демонстранти на собир против Нетанјаху ја почитуваа социјалната дистанца (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
299 прегледи

Со маски на лицето, мавтајќи со црни знамиња на оддалеченост од два метри, илјадници Израелци во неделата протестираа против премиерот Бенџамин Нетанјаху, под строги мерки поради коронавирусот.

Нетанјаху, кој негира дека сторил нешто лошо, е обвинет за три случаи на корупција.

Во моментот е во преговори со лидерот на опозицијата Бени Ганц околу распределбата на власта и формирање коалициска влада која би ставила крај на една година мртва политичка трка по три избори без победници.

Протестите се дозволени за време на израелскиот карантин, сè додека демонстрантите одржуваат оддалеченост и носат маски за лице.

Под слоганот „Зачувај ја демократијата“, демонстрантите побараа од „Сино-белата“ партија на Ганц да не влегува во коалицијата предводена од премиерот обвинет за корупција.

Ганц се залагаше за чиста влада, но рече дека кризата со коронавирус го принудила да не го исполни своето ветување.

Снимател на „Ројтерс“ проценува дека неколку илјади демонстранти се собрале на Плоштадот на рабините во Тел Авив. Израелските медиуми објавија дека имало околу 2.000 луѓе.

https://www.youtube.com/watch?v=g8IbMXkbXl0