
Снимки од елени кои се шетаат по улиците на селото Вилет Баре во регионот Абруцо се раширија низ мрежите, а ги објавија италијанските медиуми.
Претходно, елените од националниот парк Абруцо се приближуваа кон блиските места, но сега тие се здобија со уште поголема храброст поради кризата предизвикана од коорнавирусот и мерките за ограничување, бидејќи улиците се напуштени со недели.
Во видеото, три елени се шетаат среде улица, без да се повлечат дури и кога еден минувач се обиде да ги избрка.
Потсетуваме се дека неодамна на социјалните мрежи се рашири видео на мајмун како лета змеј од покривот на една зграда во Индија.
Evolution happening fast due to lockdown😂
Monkey flying a kite. Yes it’s a monkey for sure😁 pic.twitter.com/6W8MtpPK43
— Susanta Nanda IFS (@susantananda3) April 16, 2020