Спасовски: 200 излечени граѓани е вест што дава мотивација да продолжиме заеднички со спречувањето на ширење на коронавирусот

од Берта Китинска
212 прегледи

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил, напиша дека големиот број на излечени граѓани од КОВИД-19 е вест што дава дополнителна мотивација.

– 200 излечени наши граѓани од КОВИД-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со лечењето и со спречувањето на ширењето на коронавирусот.Регистриравме и ден со поголем број излечени од новозаразени.Тоа е резултат на големата, огромна посветеност за здравствените работници и на граѓаните што се придржуваат до мерките на претпазливост. Тие ги заслужуваат најголемата благодарност и сите признанија.Да продолжиме да ги почитуваме мерките за физичка дистанца, за носење лична заштитна опрема, да се воздржиме од групирања и така да создаваме услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови, напиша  Спасовски.

Слични содржини