Пристигнува нова донација за С. Македонија: Австрија ќе испрати ракавици и гел за дезинфекција

од Берта Китинска
407 прегледи

Европскиот механизам за цивилна заштита доби повеќе барања за помош од земји членки на ЕУ, како и од земји од регионот, вклучително и Северна Македонија, за справување со здравствената криза, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Конкретно, Австрија испраќа заштитни ракавици и гел за дезинфекција во Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Молдавија, додека Србија ќе добие ќебиња, душеци и шатори за бегалците кои се наоѓаат на нејзина територија.

– Вирусот не познава граници и соработката е единствениот начин да го спречиме. Благодарен сум им на Словачка и Австрија за нивните гестови на европска солидарност, изјави еврокомесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич.

Европската комисија потсетува дека оваа асистенција за земјите од регионот е дел од општата помош на ЕУ за западниот Балкан, тука е вклучена и финансиска помош.

Земјите членки на ЕУ продолжуваат исто така да ја координираат взаемната помош преку Европската комисија. Словачка испраќа маски и гел за дезинфекција во Италија, а Австрија истите предмети во Хрватска.

Италија, како најпогодена земја од коронавирусот, до сега добила бројни понуди за помош преку Механизмот за цивилна поддршка, вклучително и цели тимови на лекари и медицински сестри

Слични содржини