Во четврток започнува тестирање на вакцина против КОВИД-19 на луѓе

од Vladimir Zorba
151 прегледи

Британскиот министер за здравство Мет Хенкок најави дека во четврток ќе започне со тестирање на потенцијална вакцина против КОВИД-19 врз луѓето.

Хенкок на редовната конференција рече дека ќе премине во фаза на тестирање на потенцијална вакцина што ја развила универзитетот Оксфорд.

Во таа рамка, тестирањето ќе започне во четврток, а 20 милиони фунти ќе бидат доделени на универзитетот Оксфорд и Империал колеџот во Лондон за клинички истражувања.

Тимот од Оксфорд смета дека потенцијалната вакцина има добри шанси за успех и тие сакаат да подготват милион дози до септември.

Потенцијална вакцина наречена „ChAdOx1“ е добиена со промена на генетиката на аденовирусот, кој предизвикува грип кај шимпанзата.

Истражувачите во повеќе од 70 земји низ целиот свет работат напорно за да ја пронајдат вакцината против КОВИД-19.