
Деветгодишно момче кое се заразило со коронавирус не ја пренело болеста на ниту едно лице, иако било во контакт со повеќе од 170 лица, утврдено е кога се проучувало дали децата се преносители на вирусот.
Момчето било меѓу луѓето кои се заразени во кругот на претприемачот Стив Волш, кој се заразил на состанок во Сингапур.
Потоа отишол во француски скијачки центар со десетина други Британци, а потоа заминал во Лондон.
Повеќето од гостите во францускиот скијачки центар биле заразени, но истрагата на француските здравствени власти покажала дека деветгодишникот кој го примил вирусот не ја пренел инфекцијата на никого, иако било докажано дека тој бил во контакт со најмалку 172 лица.
Момчето покажало респираторни симптоми, како и неговите родители, но кај нив инфекцијата не била потврдена.
Студијата покажа дека на момчето му бил дијагностициран коронавирус, но и грип. Ги заразил своите браќа со грип, но не и соновиот коронавирус, пишува „Гардијан“.
„Момчето одеше во три скијачки училишта, но не учествуваше во преносот на вирусот. Ова се чини дека сведочи за потенцијално различно ширење кај децата“, рече францускиот епидемиолог Коста Дани.
Момчето имало благи симптоми кога било тестирано и откриени му се само траги од вирусот, па научниците веруваат дека тоа може да биде одговорот зошто тој не го пренесувал вирусот на сите свои контакти, или барем на некои од нив.