На многумина нема да им се допадне новата одлука на Трамп: САД престануваат да издаваат зелени картони

од Vladimir Zorba
231 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе објави во вторник дека Соединетите држави го суспендираат издавањето зелени картони – дозвола за постојан престој во земјата, објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на извори.

Весникот наведува дека забраната ќе влијае на издавање на повеќето зелени картони и ќе опфати десетици илјади луѓе.

Претходно, во врска со нацрт-извршната уредба на Трамп, агенцијата „Блумберг“ објави дека претседателот исто така имал намера да го ограничи влезот во земјата на лица со работни визи.

Имателите на скоро сите работни визи ќе ја изгубат можноста да влезат во земјата најмалку 90 дена, соопшти агенцијата. Исклучок се очекува да се направи за работниците во прехранбената и медицинската индустрија и оние кои „директно помагаат во одржување на синџирот на снабдување“.

Американскиот претседател претходно изјави дека планира да ја прекине имиграцијата во Соединетите држави заради пандемијата од коронавирусот.