Според податоците од Институтот за јавно здравје во Македонија официјалната бројка на лица позитивни на коронавирусот е 1.231. Во текот на вчерашниот ден потврдени се нови седум случаи во Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.
Вкупиот број на оздравени лица е 224, а во земјава регистриран и 55 смртни случаи.
Потврдени случаи на Ковид-19 има во 24 градови во Македонија. Од вкупниот број на заболени лица најголем дел се регистрирани во Скопје и Куманово.
Според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), регистрирани се 210 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно 20. април или 17,1% од вкупниот број.
Според исходот од заболувањето, кај 952 лица (77,3%) се активни случаи, 224 случаи (18,2%) се водат ако оздравени (23 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.