Џонсон се соочува со истрага поради начинот на кој ушравува со корона кризата

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска се соочи со повик за истрага за управување на неговата влада со корона кризата, бидејќи таа не успеала целосно да ги објасни разликите во податоците за смртните случаи, малиот број на тестови и недостаток на опрема во болниците.

Епидемијата на новиот коронавирус, најлошата здравствена криза од пандемијата на грип од 1918 година, ги фрли владите ширум светот во невидена ситуација, со население под стрес, затворајќи ја глобалната економија и преоптоварувајќи ги здравствени системи.

Џонсон првично не сакаше да ги одобри рестриктивните мерки наметнати од другите европски лидери, но дури подоцна ги донесе кога проекциите покажаа дека 250.000 луѓе можат да починат во Велика Британија.

Од воведувањето на мерките, владата дава конфликтни објаснувања зошто не се приклучила на шемата на ЕУ за купување респиратори и призна дека има проблеми во набавката на доволно заштитна опрема за здравствените работници.

„Откако ќе ја надминеме оваа криза, ќе биде неопходно да се спроведе независна истрага за официјално да се разгледа реакцијата на владата на пандемијата“, рече Ед Дејви, вршител на должноста шеф на опозициските Либерални демократи.

„Истрагата мора да има најсилни можни овластувања со оглед на шокантниот недостаток на заштитна опрема за персоналот и бавниот одговор на владата да ја утврди вистината и да даде можност Борис Џонсон да одговори на сите посериозни прашања“.

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Кир Стармер, исто така, рече дека владата е бавна во одговор на кризата и дека во одреден момент Велика Британија ќе мора да размисли за тоа.

Џонсон се разболе од „Ковид-19“ на почетокот од овој месец и заврши на интензивна нега. Сега се опоравува, но одржува по неколку состаноци и одговара на повици.