315
Владата денеска ќе одржи седница, а според најавите, се очекува на неа да се разговара за скратување на полицискиот час кој би почнувал од 19 часот и би траел до 05 часот следниот ден.
Седницата е закажана во 15 часот, а ќе се одвива преку видео-интернет комуникација. За донесените одлуки, јавноста ќе биде информирана преку соопштение.
Премирот Оливер Спасовски денеска во интервју за „Утрински брифинг“ потврди дека на денешната седница ќе се разгледува предлогот за релаксација на мерките после првомајските празници односно за скратување на полицискиот час. Поголема временска рамка за движење би имале и лицата постари од 67 години и младите лица.