Помпео: Потребна е драматична промена во СЗО

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Администрацијата на САД е подговена да оди уште подалеку од суспендирањето на придонесите на Светската здравствена организација (СЗО). Ова го соопшти државниот секретар Мајк Помпео за „Фокс њуз“.

Водителот го праша шефот на Стејт департментот дали сегашното раководство на СЗО не е во состојба да го реши прашањето за кое се жали Вашингтон.
„Верувам дека ова е точно. И повеќе. Повеќе не би можело никој да потпише трансфер на средства од американскиот даночен обврзник во СЗО. Може да има потреба од подраматична трансформација, рече Помпео, навестувајќи на промена во раководството на СЗО.

На 14 април, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ги суспендирал придонесите на СЗО. Според него, парите нема да бидат пренесувани, „додека не се даде проценка за улогата на организацијата во криењето на податоците за ширење на коронавирусот“.

Трамп претходно неколку пати ја критикуваше работата на организацијата. На 7 април, тој на Твитер напиша дека СЗО е „првенствено финансирана од САД, но фокусирана на Кина“. Потстанарот во Белата куќа додаде дека сите мерки преземени од страна на организацијата за борба против ширењето на новиот коронавирус биле неправилни.