Османи негативен на Ковид 19, останува во изолација

од Берта Китинска
314 прегледи

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на својот Фејсбук објави дека по една недела во изолација го направил првиот тест за Ковид-19 и дека резултатот е негативен.

Сепак како што стои во објавата, треба да остане во изолација уште седум дена, по што ќе следува и второ тестирање.

Османи беше дел од владините претставници кои завршија во самоизолација откако присуствуваа на состанок во Куманово на кој беше и градоначалникот Максим Димитриевски, кој еден ден потоа објави дека е позитивен на новиот коронавирус.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1248338682036699&set=a.181364155400829&type=3

Слични содржини