Турција на удар на коронавирусот: Над 100.000 заразени, 2.491 мртви!

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Во Турција смртните случаи од коронавирус се зголемени за 115 во изминатите 24 часа на вкупно 2.491, се вели во соопштението на турското Министерство за здравство.

Бројот на новозаразени се зголеми за 3.116 на вкупно 107.790, што е најголем број во земји надвор од Европа и САД, објави Ројтерс.

Вкупно 18.491 лица се излечиле од коронавирусот, а 40.962 биле тестирани во текот на изминатите 24 часа.