
Во Белгија епидемијата на коронавирус не стивнува и во последните 24 часа се регистрирани 908 нови случаи, 25 помалку од вчера, а 228 починати, 36 помалку од претходниот ден.
Од почетокот на епидемијата, 42.979 луѓе се разболеле и 6.490 пациенти починале, но стапката на смртност се зголемува и сега изнесува дури 15,1 процент од заразените.
Вкупно се опоравиле 9.800 пациенти, 367 во последните 24 часа, а 933 биле на интензивна нега.
Изминатиот ден беа тестирани 8.266 лица, а извршени се вкупно 171.400 тестови.