Повеќе од 740.000 луѓе ширум светот се излечија од „КОВИД-19“

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Повеќе од 740.000 луѓе ширум светот, дијагностицирани со новиот вид коронавирус (КОВИД-19) успеаја да закрепнат.

Податоците од веб-страницата Worldometer, во кои се објавени најновите информации за бројот на заразени со коронавирус, вомоментот кога се пишува текстот, покажуваат дека 740.379 лица закрепнале од КОВИД-19 ширум светот.

Најмногу закрепнати во Германија се 103.300, следат Шпанија (89.250), САД (84.825), Кина (77.207), Иран (64.843), Италија (57.576), Франција (42.088) и Швајцарија (19.900).

Повеќе од 2,7 милиони луѓе се заразени ширум светот со коронавирус. Како резултат на инфекцијата, 188.930 починале, а во моментов 1.770.153 луѓе се заразени во светот.