
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска по видео-конференцијата на европските лидери дека европскиот одговор на нарушувањето предизвикано од пандемијата од коронавирусот бара и финансиска помош, а не само позајмување.
Додека несогласувањата околу големината и формата на пакетот помош сè уште не се надминати, Макрон процени дека пакетот за ЕУ за економска помош не треба да биде помал од пет до 10 проценти од бруто производот, пренесе Ројтерс.
Францускиот претседател додаде дека европскиот проект нема иднина освен ако земјите-членки соодветно не одговорат на „екстремниот шок“ предизвикан од пандемијата.