
Високата температура и влажноста, како и директната сончева светлина, брзо го уништуваат новиот коронавирус и во воздухот и на различни површини.
Ова го соопшти заменик-секретарот за внатрешна безбедност Вилијам Брајан, презентирајќи во Белата куќа резултати од студијата спроведена од неговата агенција.
„Нашето највпечатливо набљудување е дека директната сончева светлина има силен ефект и доведува до смрт на вирусот и на различни површини и во воздухот. Ние забележуваме сличен ефект на [висока] температура и влажност. Нивното зголемување е штетно за вирусот, рече тој.
Според него, кога е изложен на директна сончева светлина, температури од 21 до 24 степени Целзиусови и 80% влажност, вирусот почнува да умира на површината по две минути. Во истите услови, коронавирусот почнува да се распаѓа во воздухот во рок од една и пол минута.
Присуствувајќи на брифингот, американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека „доколку телото [на заразеното лице] е изложено на моќна ултравиолетова светлина“ или „светлината се пренесува во телото преку кожата“, тоа би имало „дезинфекција“ и коронавирусот би „ исчезнал за една минута“.
„Како што рековте, следат повеќе тестови“, заклучи Трамп, обраќајќи се кон Брајан.
Светската здравствена организација предупредува на својата веб-страница дека „продолжената изложеност на луѓето на сончево ултравиолетово зрачење може да доведе до акутни и хронични здравствени ефекти – на кожата, очите и имунолошкиот систем“.
Во најсериозните случаи, може да се развие карцином на кожата и катаракта.