Нови 2.337 случаи: Германија сè уште не е подготвена за ублажување на мерките

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Во изминатите 24 часа, Германија забележа 2.337 нови случаи на заболени со коронавирус и 227 смртни случаи.

Експертите од Институтот Роберт Кох предупредуваат дека бројот на новозаразени на дневна основа мора да се спушти на неколку стотици за да може Германија да започне со ублажување на мерките.

Во моментот Германија има 153.112 регистрирани случаи на заболени со коронавирус, од кои 106.800 веќе се опоравиле, а 5.575 починаа.