Пазарен инспекторат: Oние кои купуваат маски преку Фејсбук, купуваат на сопствен ризик

од Берта Китинска
158 прегледи

Директорот на пазарниот инспекторат Стојко Пауновски рече дека инспекторите може да контролираат само правни субјекти со седиште, но не и физички лица преку социјални мрежи, одговарајќи на новинарско прашање дали ги контролираат продажбите на заштитни маски преку Фејсбук.

„За жал за продажбата преку Фејсбук не можеме ниту да реагираме, ниту да конторираме. Има физички лица кои продаваат маски, ракавици. Што значи, сите кои купуваат преку Фејсбук, купуваат на сопствен ризик“,рече Пауновски.

Слични содржини