
Еднојајчани близнаци, медицинските сестри Кети и Ема Дејвис (37) починаа оваа недела во интервал од три дена од коронавирус во универзитетската болница во Саутемптон.
Кети почина во вторникот, додека Ема во петокот во истата болница. Тие живееја заедно.
Нивната сестра Зои рече дека секогаш велеле дека дошле на свет заедно и дека ќе го напуштат заедно.
Таа исто така рече дека и двете близначки страдаат од некои други хронични заболувања и долго време не се чувствувале добро.
„Тие беа навистина посебни. Тие секогаш сакаа да им помагаат на луѓето. Како девојчиња, тие играа лекари и медицински сестри и ги лечеа своите кукли“, рече Зои.
Кети, која работеше во Детската болница во Саутемптон, беше позитивна на вирусот кога беше примена во болницата и почина во вторникот вечерта. Ема, која почина рано во петокот, работеше до 2013 година како медицинска сестра.
Во соопштението, главната медицинската сестра на болницата, Гејл Бирн, објасни дека и двете медицински сестри биле во многу лоша состојба кога биле примени во болницата и се покажало дека страдаат од Ковид-19.
„Ова е огромна и трагична загуба за нивното семејство и за сите нас кои ги познававме“, рече Бирн.