
Светската здравствена организација (СЗО) објави денес дека сè уште нема докази дека луѓето кои преживеале КОВИД-19 развиле антитела и не можат повторно да се разболат, пренесе Ројтерс.
Според соопштението објавено денес, СЗО предупредува да не им се издаваат имунолошки пасоши, сертификати или одобренија за враќање на работа на лица кои имале КОВИД-19, бидејќи тоа го зголемува ризикот од ширење на вирусот.
Чиле минатата недела објави дека планира да воведе „здравствени пасоши“ и да им ги издава на луѓето кои се опоравиле од коронавирусот.