
Велика Британија потврди дека бројот на починати од коронавирус надминал 20.000, со што земјата е петта во светот што го достигна тој праг.
Владата соопшти дека 813 луѓе починале во британските болници во последните 24 часа, со што вкупниотброј е 20.319. Овој број не вклучува смртни случаи во старечки домови, во кои веројатно има уште илјадници.
Пред Велика Британија, бројката од 20.000 смртни случаи ја достигнаа Италија, Шпанија и Франција, додека во САД, повеќе од 50.000 луѓе досега ја загубија битката со вирусот.
Постојат индикации дека епидемијата во Велика Британија го поминала својот зенит бидејќи се намалува бројот на хоспитализации од коронавирус. Како и да е, владата наведува дека е рано да се зборува за рестриктивниот налог воведен на 23 март и неодамна е продолжен до 7 мај.
Сепак, некои фирми планираат да продолжат да работат со примена на мерки за социјална оддалеченост. Неколку производители на автомобили најавија дека ќе започнат со производство во мај.