
Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за лекување на коронарвирусот со инјектирање средства за дезинфекција ги шокираше медицинските експерти кои предупредуваа на фаталните последици од ваквиот предлог, но тоа не ги спречи индивидуалните граѓани да се обидат да се заштитат од заразата, пренесе „Ен-Би-Си Чикаго“.
Во последните 48 часа во областа на Илиноис, се забележува зголемување на повиците од луѓе кои се отруле затоа што вбризгале средства за дезинфекција во носот, како и поради тоа што ја плакнеле устата со варикина.
Трамп ги запрепасти лекарите предлагајќи да се спроведе студија за тоа дали коронавирусот може да се лекува со вбризгување на средство за дезинфекција во организмот и озрачување на пациенти со УВ зраци.
На состанокот на Работната група во Белата куќа за вирусот, американскиот претседател зборуваше за новата владина студија за тоа како вирусот реагира на различни температури, климатски и површини. Тој посочи дека дезинфекциските средства го уништуваат вирусот во рок од една минута и дека постои начин да се стори нешто слично со болеста, како што е вбризгување во организмот.