Трамп почнува војна со Бил Гејтс: Петиција за истрага за вакцината за коронавирусот

од Vladimir Zorba
533 прегледи

Скоро половина милион луѓе потпишаа петиција за истрага против Бил Гејтс, а таа се појави и на веб-страницата на Белата куќа. Ова се толкува како вовед во отворениот конфликт меѓу Трамп и Бил Гејтс, што може да ја одреди иднината на САД, но не само на Америка.

Интернет-петицијата, во која се бара сеопфатно и јавно испитување на Фондацијата на Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда, досега е потпишана од 450.000 лица, а интересно е што таа е објавена и на веб-страницата на Белата куќа „Ние луѓето“.

Потписниците бараат истрага против двојката Гејтс за наводно „злосторства против човештвото и медицинска злоупотреба“, сè затоа што милијардерот, ко-основач на „Мајкрософт“, од почетокот на епидемијата со коронавирусот, покрена кампања за создавање на вакцината и воведување биометриски мониторинг на луѓето. Петицијата започна на 10 април.

Мејнстрим медиумите во голема мерка го игнорираат постоењето на оваа петиција.

Гејтс „не го мириса“ дури и на почитуваниот американски адвокат, Роберт Ф. Кенеди, братучед на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди. Тој за Гејтс вели дека „замислувал дека е предодреден да го спаси светот со технологија“ и дека „имал опсесија да експериментира со човечките животи како Бог“.

„Вакцините се стратешка филантропија за Гејтс“, забележува Роберт Кенеди и додава дека е исто така начин милијардерот да обезбеди „диктаторска контрола врз глобалната здравствена политика“.