Парижаните против корона: Танцуваат среде улица, снимките го обиколија светот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
189 прегледи

На социјалните мрежи се појави видео на кое Парижаните танцуваат на улица со музика, кој од балкон јапушташе моментално невработениот театарски техничар Нејтан Себах.

Клипот, сепак, доби критики на социјалните медиуми, а Себах се извини за неговиот гест.

Тој им се заблагодари на здравствените работници во саботата навечер за борбата против коронавирусот, а духот меѓу граѓаните се обиде да го крене со получасовни музички сетови.

Неговиот гест на добра волја, сепак, не беше добро прифатен од сите, а полицијата затропа на неговата врата и му одржа лекција затоа помала, но енергична група на луѓе танцуваше под балконот на техничарот.

„Полицијата рече дека музиката на балконот е многу добра идеја, но не вака, премногу опасно е“, рече Себах во телефонско интервју за француски медиум.