194
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција објасни дека првично со епидемиолозите направиле проценка за заболени од коронавирус од 2.000 до 2.500 заразени.
-Гледано од стручен аспект тогаш следејќи ги кривите очекувавме бројка да изнесува од 2000 до 2500, веројатно сега проценките би биле поинакви, ние не се надеваме тогаш дека ќе имаме толку пациенти следејќи ја тогашната бројка на заболени. Последните податоци ни покажуваат дека оваа бројка може да биде од 1.600 до 1.700 пациенти, истакна Филипче.