60,000 фунти за семејствата на починатите здравствени работници во Велика Британија

од Vladimir Zorba
178 прегледи

На семејствата на британските здравствени работници кои умираат во борбата против коронавирусот ќе им бидат платени 60 000 фунти (66 000 евра) во рамките на новата програма за животно осигурување, објави британскиот министер за здравство, Мет Ханкок.

Велика Британија е меѓу земјите со најголем број смртни случаи од КОВИД-19.

Досега, 21.092 пациенти починале во болниците, а илјадници допрва треба да бидат изброени во старечки домови.

Меѓу нив е познато дека има 98 медицински работници и помошен медицински персонал, рече Хенкок.

„Владата воспоставува програма за животно осигурување за вработените во Националната здравствена служба (NHS) и нивните колеги од социјална заштита, кои се директно вклучени во борбата против пандемијата“, рече Хенкок.

Програмата е насочена кон семејства на оние кои ќе го изгубат животот, работејќи за да ги спасат животите на болните од вирусот, а тука се вклучени негуватели, чистачи и друг персонал за поддршка.

Ова се однесува само на вработените во Англија, но и здравствените власти во Шкотска, Северна Ирска и Велс ќе добијат финансирање од централната власт за слични програми.