Филипче: Ја израмнивме кривата, само ако лично се заложиме постепено ќе го вратиме животот во нормала

од Берта Китинска
147 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче информираше за моменталната состојба на заразени на Ковид-19 во земјава, вкупно број на заразени се искачи на 1421, бројката на оздравени пациенти е 589, на починати е 71 , а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 761.

-Направивме многу изминатиов период со воведување на мерките. Целта на трансмисија е под еден со сите мерки ја израмнивме кривата имаме линеарно ниво, само ако лично се заложиме и ги почитуваме мерките постепено ќе го вратиме животот во нормала, изјави Филипче.

Слични содржини