201
Министерот на здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција потсети дека задолжението за носење на маски на лицето мора да се почитува во затворен простор, како и на отворено ако граѓаните не може да го одржат потребното меѓусебно растојание од два метра.
-На почетокот на епидемијата се соочивме со повисоки цени на маските, бидејќи самите компании приложија фактури на кои се гледаше дека цените се повисоки бидејќи е покачена увозната .За сега немам информации дека повторно се зголемени цените. Воедно сакам да објаснам дека за граѓаните е доволно во затворен простор или онаму каде што не може на отворено да се одржи дистанца да носат само прекривка, марама, шал не е потребно да носат специјални маски, изјави Филипче.