104
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска гласал против одлуката за намалено ограничување на движењето на граѓаните за време на првомајските празници, брифираат членови на кризниот штаб на Владата.
Чулев на владиниот штаб и на владината седница влегол во оценка на психичкото и социјалното однесување на граѓаните, тврдејќи дека граѓаните биле агресивни.
Тврдењето за агресивноста на граѓаните министерот за внатрешни го користел и како оправдување зошто полицијата не постапува соодветно со оние кои не носат маски или не го почитуваат правилото за негрупирање, велат од кризниот штаб.