Пенс не носи маска во лабораторија каде се прават тестови за присуство на коронавирус

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Потпретседателот на Соединетите држави, Мајк Пенс беше критикуван поради тоа што не носи маска среде пандемија на коронавирус за време на посетата на Клиниката Мајо во Минесота.

Снимките од клиниката покажуваат дека Пенс не носи маска додека се состанува со персоналот на клиниката. Потпретседателот на САД не носеше маска дури и кога ја посети лабораторијата, каде беа извршени тестови за присуство на вирусот.

Пенс беше единствениот кој не носеше маска за време на тркалезна маса на клиниката, пренесува агенцијата.

На веб-страницата на клиниката стои дека потпретседателот Пенс бил известен пред неговото пристигнување за обврската за носење маска, но таа објава подоцна била отстранета.

Демократскиот сенатор на Хаваите, Брајан Шатц, го критикуваше Пенс, велејќи дека потпретседателот поставил опасен преседан за непокривање на лицето.